„Т-мобиле“ ги известува корисниците дека во периодов има зголемен број спам-повици и СМС од броеви што почнуваат на +88, +22 +21 и +29. Пораките што циркулираат се обично со следнава содржина: „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“. Се советуваат корисниците да не се јавуваат повратно на овие броеви зашто ќе имаат несакани трошоци. Воедно ги известуваме корисниците дека спам-пораката што викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“, е блокирана.
Иако откако корисникот ќе пријави, „Т-мобиле“ веднаш ги блокира спам-броевите, најдобро е корисниците да не се јавуваат повратно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



