Зборувајќи за тешкотиите со кои се соочи мобилниот оператор „Албафон“ на почетокот на својата работа, генералниот директор на „Албафон“, Ардијан Хоџа, рече дека пречките од двата оператори „Т-мобиле“ и „Вип“ биле намерни бидејќи постоеле стравувањата дека Албанците ќе се префрлат на операторот „Албафоне“.
Според него, дури сега „Т-мобиле“ и „Вип“ дозволуваат повици од нивните броеви кон корисниците на „Албафон“.
– Ние ги надминавме сите проблеми што ги имавме со „Т-мобиле“ и со „Вип“. Јасно се гледа колку од Албанците биле незадоволни од постојните оператори – вели Хоџа.
Тој истакна дека само со еден месец работа бројот на претплатниците ја достигнува бројката од 30 илјади корисници, кои веќе ги користат картичките „Зборувајте албански“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.