Македонски телеком и Т-мобиле Македонија денеска отворија нова продавница во Скопје. Продавницата, која се наоѓа на приземје во Градскиот трговски центар, на површина од 210 квадратни метри, има седум работни единици и нуди мултимедијално искуство за корисниците. Станува збор за нов концепт на продавници, со акцент на дигиталните комуникации на понудите, со многу „лајф“ демоуреди, кои ќе овозможуваат тестирање во живо.
Целта на концептот е преку интерактивно истражување и забава корисниците да се запознаат со телекомуникациските услуги и решенија на „Т-хоум“ и „T-мобиле“, што ќе им овозможи најлесно да го најдат најдоброто решение за нив.
На денот на отворањето, „Т-мобиле“ подготви промотивна понуда за сите посетители – паметни телефони „самсунг“ со 50 проценти попуст, во тарифа плеј комфорт.
Продавницата ја отвори Андреас Маиерхофер, главниот и извршен директор на Македонски телеком.
– Задоволството на корисниците е императив за нас, а новата продавница не само што ќе може да опслужува повеќе корисници, туку ќе им овозможи брзо и едноставно да го најдат токму тоа што им е потребно. Наша задача е да дадеме и дополнителна вредност за корисниците, а денешната понуда на паметни телефони „самсунг“ со 50 проценти попуст е токму тоа. Продолжуваме во таа насока – изјави Андреас Маиерхофер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија
-
Скопјанец пијан влетал во продавница – ја претепал продавачката и муштерија
-
Место кое ќе го памети цел живот: Од оваа продавница излегла со 447 милиони долари (Фото)
-
Не полнете ги мобилните телефони преку ноќ: Овој човек го држел телефонот на полнач цела ноќ, плати со живот