„Т-Мобиле Македонија“ сѐ уште нема договорена интерконекција со мобилниот оператор „Албафон“. Ваквата информација доаѓа откако корисниците на „Албафон“ се пожалија дека не можат да добијат повик од „Т-Мобиле“ и од „Вип“.
– Преговорите се во тек, но нема договор, и токму од таа причина корисниците на „Т-Мобиле Македонија“ не можат да бираат кон броевите од мрежата на Албафон (со префикс 073). За сите прашања на оваа тема, корисниците треба да се обратат во „Албафон“ – велат од „Т-Мобиле“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.