Т-Мобиле Македонија излезе со реакција на пресот на Заев, каде беше објавен телефонски разговор помеѓу, како што беше речено, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Ирена Мишева, советник во Град Скопје и член на Одбор на директори на оваа компанија.
– Неизвршен член на Одборот на директори, според законските прописи и интерните компаниски акти нема право да дава налози за постапување во секојдневното оперативно работење на компанијата. Т-Мобиле Македонија без исклучок ги гарантира сите права на корисниците, кои им се пропишани според законот за електронски комуникации – стои во реакцијата од Т-Мобиле Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!