Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /18.02.2013 година/ ги промовираа новите 10 специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори на ЈП „Комунална хигиена“.
-Денеска имаме промоција на новите 10 камиони за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање снег во зима, четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. Со набавката на оваа нова опрема може да кажеме дека го исполнивме ветувањето коешто го дадовме во 2009 година и го опремивме јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со комплетно нова опрема и возила за собирање отпад, како и дека ја подобривме хигиената во градот- истакна градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, се заблагодари за финансиската поддршка којашто во текот на изминатите години ја добиваше од Градот и истакна дека таа поддршка придонесе тие да прераснат во успешно претпријатие коешто денеска промовираа према набавена од сопствени средства.
10 нови специјални комунални возила се со капацитет на надградба од 1,5м3. Шасијата на камионите е oд кинеска компанија ДСМ, а надградбата е на познатата турска фирма Yeni Balkan.
Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка ГОЛДОНИ со јачина од 12 коњски сили и комплетна приклучна опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.