Абдусамед Шабани од денеска е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје. Директорската функција на Шабани му ја примопредаде досегашниот директор на претпријатието, Ракип Дочи.
Од ЈП „Комунална хигиена“ информираа дека Шабани и Дочи разговарале за предизвиците и новите трендови во справувањето на комуналниот отпад во градот Скопје и насоките во раководењето на едно од најголемите јавни претпријатија кое е со витално значење за функционирањето на главниот град и неговите жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.