Улично куче причина за инцидент со полициска интервенција во Аеродром. Екипа од Комунална Хигиена по претходна пријава отишле да го заловат кучето и да го транспортираат во Вардариште. Но биле нападнати од поголема група на станари кои ги спречиле во извршување на нивната работа. Еден од вработените завршил на земја. Кучето не стигна до стационарот а револтираните граѓани се разбегале по пристигнување на полицијата, пишува „Здравство24“.
-Вработените беа нападнати бидејќи станарите застанале во одбрана на кучето кое го чувале и хранеле пред зграда. Ние само ја работевме нашата работа и случајот е пријавен во полиција и ќе биде поднесена соодветна пријава. Ако го чуваат нека го чуваат дома, бидејќи и ма граѓани кои не сакаат улични кучиња и се плашат пред се за своите деца, вели Ракип Дочи директор на Комунална Хигиена.
Според станарите во околните згради кучето било мирно и на никому не му сметало. Тие ја оправдуваат насилната реакција во одбрана на животното без разлика што во целата турканица било нападнато службено лице.
-Мирно е ние го храниме. Е сега вие хипотетички што ако нападне некој, а што ако никој не нападне, вели станар
За разлика од станарите во овие две згради, нивни комшии реагираат против уличните кучиња. Им смета лаењето но и опасноста да нападнат некое дете.
-Ми сметаат како не. Особено навечер кога се собираат овде, да ти е страв да шеташ со дете, реагира жителка на Аеродром
Директорот на Комунална вели дека ова не е прв пат нивни екипи да бидат нападнати од жители кои не се согласуваат со нивната работа. За безбедност на вработените, биле принудени да го намалат и бројот на заловувања на улични кучиња. Но затоа, пак, плаќаат казни и оштети кога истите ќе нападнат некој граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.