| четврток, 6 декември 2018 |

Брза помош доби нови 12 амбулантни возила

Според препораките на Светска Здравствена Организација, на 50.000 жители треба да има по едно возило на Брза помош. Досега во град Скопје се функционираше со само 6 возила. Со оваа јавна набавка, се обезбедуваат дополнителни 6 возила со што се зајакнуваат капацитетите на Брза помош за 100%, а воедно ги задоволуваме и стандардите на СЗО. Останатите 6 возила ќе бидат распределени низ целата држава во оние здравствени домови каде е најмногу потребно

Министерството за здравство, вчера спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП), соопштија од Министерството за здравство.

На денешната прес-конференција, министерот Доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека за оваа набавка, министерството испланира 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 18 милиони и 300 илјади денари.

– При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра – истакна министерот Филипче и додаде со набавката на возилата се подобруваат условите и на пацинетите им се овозможува услугата која им е неопходна.

Примарната здравствена заштита е клучна алка во здравствениот систем и зајакнување на капацитетите на примарно ниво е од круцијално значење за подобра здравствена заштита на граѓаните во Република Македонија.

– Набавени се квалитетни возила од реномиран производител. Одлуката за избор на најповолен понудувач ќе биде објавена во понеделник, а договорот ќе биде потпишан за 12 дена, согласно законот за јавни набавки – рече министерот Филипче.

Според препораките на Светска Здравствена Организација, на 50.000 жители треба да има по едно возило на Брза помош. Досега во град Скопје се функционираше со само 6 возила. Со оваа јавна набавка, се обезбедуваат дополнителни 6 возила со што се зајакнуваат капацитетите на Брза помош за 100%, а воедно ги задоволуваме и стандардите на СЗО. Останатите 6 возила ќе бидат распределени низ целата држава во оние здравствени домови каде е најмногу потребно.

Министерството е во постапка и на донација на уште 3 амбулантни возила од Чешка кои ќе бидат дополнително распределени.

Клучна карактеристика на реформи во примарна здравствена заштита е формирање на тимови на даватели на услуги кои се одговорни за обезбедување на сеопфатни услуги за нивните пациенти. Работиме напорно на реформирање на примарната здравствена заштита, како и зајакнување на капацитетите со опрема, кадар, едукација на здравствените работници и зголемување на платите во здравствениот сектор.

– Верувам дека подобрување на условите за работа, набавката на возила и зголемувањето на платите ќе биде дополнителен мотив за Колегите – здравствените работници во давање на квалитетни здравствени услуги, а од сите овие реформи најголем бенефит ќе имаат македонските граѓани – додаде министерот Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top