„Злоупотреба на 1 милион евра странска донација, за набавка на возила на МВР“ – ваков текст утрово се појави на сајтот на таканаречените свиркачи „Џастпејстит“, пренесува Алфа.
Свиркачите кои велат дека се импортери на возила, пишуваат дека МВР не објавиле јавен оглас за набавка на нови возила кои треба да се платат со донација од милион евра пари од Чешка. Според наводите објавени на „Џaстпејстит“ над 40 автомобили од марката „Шкода Октавија“ наводно ќе биле купени од „Де Лукс Ауто“ – Куманово, кои според нив не бил овластен салон туку дилер на возилата, јавува Алфа.
Министерот Оливер Спасовски тврди дека постапката, за купување на 45 возила за потребите на полицијата е целосно транспарентна.
-Се распишаа постапките. Таа постапка е во тек, мислам дека се завршени, дали се завршени жалбените постапки на знам. Најважно е таа постапка да биде спроведена на соодветен начин и да добие најевтина цена и да добиеме што е можно повеќе возила за македонската полиција. Тоа е нашата цел. Можеме конкретни информации за ова да ви доставиме, рече министерот за внатрешни работи.
Министерот понатаму додава дека освен најниската цена, како услов во постапката било и одржување на возилата во следните три години, како и обврската на продавачот да обезбеди летни и зимски гуми за возилата.
Сепак на сајтот за јавни набавки, каде што се гледа секоја набавка на МВР од лекови и паштети, па се до радарски системи, никаде ја немаше набавката на новите возила, јавува телевицијата,
Под кој број и на кој датум е објавен огласот, и покрај обидите на телевизијата не добиле одговор од МВР, кои најавија повеќе информации во текот на наредната недела.
-Алфа ги контактираше и во Де Лукс Ауто – Куманово, каде преку меил им испративме линк од објавениот текст на свиркачите и побаравме одговор за наводите објавени од наводни „импортери на возила“. До почетокот на вестите од оваа компанија не стигна повратна информација, јавува телевизијата.
Свиркачите во текстот пишуваат дека фирмата која наводно ќе и продаде возила на МВР, се појавува во два финансиски годишни извешти на СДСМ, дека вршела некакви услуги.
Донацијата од 1 милион ева, МВР од Република Чешка ја доби во јуни годинава. Една година претходно, Чешка на македонската полиција и донираше 740.00 евра со кои пари беа купени 25 нови возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Брза помош доби нови 12 амбулантни возила
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи