| четврток, 6 декември 2018 |

Голема „антитерористичка операција“ во Украина – тројца загинати и повеќе ранети

украина1

Демонстраните, кои ја поддржуваат федерализацијата на Украина, соопштија дека еден нивни активист и двајца припадници на партијата Десен сектор загинале во судирите во Славјанск, јави руската агенција.

Малку порано беше јавено дека 150 вооружани припадници на Десниот сектор стигнале во Славјанск за да учестуваат во операцијата против профедералните демонстранти.

Вршителот на должност, украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков претходно изјави дека припадник на украинската служба за безбедност е убиен, а петорица се ранети за време на „антитерористичката операција против проруските милитанти во Славјанск“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top