Вардар денеска од 18,30 часот в о Нови Сад ќе тргне во поход на втората титула во СЕХА лигата, а „црвено-црните“ чпосакуваат трета победа против ривалот во финалето Мепков Брест од Белорусија.
„Екипата на Мешков Брест значително се засили во финишот на сезоната. Тоа е тим составен од квалитетни ракометари, кои што знаат што значи да се игра финален натпревар. На сите позиции се добро покриени. Во досегашните меѓусебни дуели имаме позитивни искуства. Сезонава ги совладавме двапати. Иако утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен од другите, сметам дека доколку одиграме како што тоа го правиме на последните натпревари, можеме да дојдеме до посакуваниот трофеј”, изјави Филип Лазаров.
Вардар го освои трофејот во првото издание на Регионалната лига, а и сега е фаворит за нов пехар. Во битката за третото место од 16 часот ќе играатЗагреб и Татран Прешов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.