Вардар не ја дава титулата во домашното првенство, а потврди дека и покрај кризата е сериозен кандидат со уверлив триумф од 5-1 против Ренова.
Тимот од село Џепчиште досега беше незгоден ривал за Вардар, но вечерва „црвено-црните“ блеснаа и со петарда ги декласираа популарните “гипсари“.
Асани постигна два гола, по еднаш противничката мрежа ја тресеа и Лазаревски, Таневски и Гроздановски. Интересно е што гостите останаа без играч уште во првата минута по исклучувањето на Муслиу, а рамнотежа се воспостави по црвениот картон на Филип Петров во 25. минута. Се останато беше во знакот на шампионот, кој ги декласира гостите. Гафури го постигна почесниот гол за Ренова во првото полувреме.
Вардар по овој триумф се проби на втората позиција со 48 бода, два помалку од градскиот ривал Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.