| четврток, 6 декември 2018 |

Металург ја освои Битола, Работнички и Турново рутински до победи

Металург го доби дербито на 27. коло во Првата македонска фудбалска лига против Пелистер во Битола со резултат 3-1 и се вклучи во битката за титулата.

Радевски, Пеев и Вујовиќ погодија по еднаш за значаен триумф на Металург, кој се приклучи на триото екипи со 47 бода што го делат второто место. Со нив се и Пелистер и Турново, екипа што рутински го победи испаднатиот Напредок со 4-0.

Лидер остана Работнички по успешниот настап пред соите гледачи во Скопје против Гостивар. Романтичарите славеа со 3-0 и го задржаа првото место со 50 бода.

Во дербито за опстанок Шкендија го победи Еуромилк на гостински терен со 2-0, а во последниот меч вечерва од 20 часот Вардар и е домаќин на Ренова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top