Во рамките на акцијата „Читај повеќе – читај секаде“, писателот Владимир Плавевски имаше средба со посетителите на годинашниот Саем на книгата. Во оваа пригода познатиот македонски писател потпишуваше примероци од неговиот роман „ Јадица“, за кој ја доби престижната награда за роман на годината, која ја доделува „Утрински весник“.
Исто така, на штандот на „Матица македонска“, во рамките на акцијата „Читај повеќе – читај секаде“, гостин беше писателот Божин Павловски. Божин Павловски спаѓа во редот на најчитаните современи македонски писатели. Автор е на осумнаесет романи, високо вреднувани од страна на литературната критика. Неговите дела се преведени на дваесетина странски јазици и се неградувани со престижни домашни и меѓународни литературни награди. На закажаната средба, познатиот македонски писател потпишуваше примероци од неговиот нов роман „Рогот на љубовта“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.