| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов поубедлив од сите претседатели

Вто­ри­те из­бо­ри, во 1999 го­ди­на, на кои прв­пат имав­ме кан­ди­да­ти со ал­бан­ско по­тек­ло, се из­бо­ри со нај­ви­сок од­ѕив – по­ве­ќе од 1.112.000 гла­са­чи. По­бед­ни­кот на тре­ти­те из­бо­ри, во 2004 го­ди­на, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, во це­ли­от свој пе­тго­ди­шен ман­дат не бе­ше при­фа­тен од ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја го ос­ло­ву­ва­ше со „ли­це­то Б.Ц.“

За ед­на не­де­ла Ма­ке­до­ни­ја ќе го из­би­ра след­ни­от пре­тсе­да­тел, пет­ти по ред, со ог­лед де­ка пр­ви­от пре­тсе­да­тел во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја го из­бра Со­бра­ни­е­то. Пр­ви­те из­бо­ри, во 1994 го­ди­на, се из­бо­ри со нај­мал­ку кан­ди­да­ти – са­мо двај­ца – и со ви­сок од­ѕив, по­ве­ќе од 77 про­цен­ти. Гли­го­ров е чо­ве­кот што до­се­га со­брал најм­но­гу гла­со­ви од на­ро­дот – ду­ри 715.774. Вто­ри­те из­бо­ри, во 1999 го­ди­на, на кои прв­пат има­ме кан­ди­да­ти со ал­бан­ско по­тек­ло, се из­бо­ри со нај­ви­сок од­ѕив – по­ве­ќе од 1.112.000 гла­са­чи. По­бед­ни­кот на тре­ти­те из­бо­ри, кои се одр­жаа во 2004 го­ди­на, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, во це­ли­от свој пе­тго­ди­шен ман­дат не бе­ше при­фа­тен од стра­на на ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја го ос­ло­ву­ва­ше со „ли­це­то Б.Ц.“. Че­твр­ти­те из­бо­ри, пак, се из­бо­ри со нај­ни­зок од­ѕив и со нај­го­лем број кан­ди­да­ти – ду­ри се­дум.

Сле­ду­ва­ат пет­ти­те из­бо­ри. Се на­ма­лу­ва бро­јот на кан­ди­да­ти – во тр­ка вле­гу­ва­ат че­тво­ри­ца кан­ди­да­ти. Двај­ца не­за­вис­ни кан­ди­да­ти со­браа 10.000 пот­пи­си за да мо­жат да вле­зат во тр­ка, но тоа не им ус­пеа на Бил­ја­на Ван­ков­ска и на Сто­јан­че Ан­ге­лов. Ма­ке­до­ни­ја ќе гла­са за Ѓор­ге Ива­нов, кој ка­ко кан­ди­дат на вла­де­јач­ка­та ВМРО-ДПМНЕ се бо­ри за втор ман­дат, Сте­во Пен­да­ров­ски, кан­ди­дат на СДСМ, Зо­ран По­пов­ски, кан­ди­дат на ГРОМ, и за Или­јаз Ха­ли­ми, ка­ко чо­век на ДПА. Ѓор­ге Ива­нов, Зо­ран По­пов­ски и Или­јаз Ха­ли­ми ја ба­раа под­др­шка­та за сво­ја­та кан­ди­да­ту­ра кај на­ро­дот. Сте­во Пен­да­ров­ски, пак, не ба­ра­ше под­др­шка од на­ро­дот. Тој се кан­ди­ди­ра со под­др­шка на пра­те­ни­ци­те од СДСМ. На из­бо­ри­те на 13 април ќе гла­са­ат 1.779.572 гра­ѓа­ни.

 

Ки­ро Гли­го­ров – прв пре­тсе­да­тел на не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја

GLIGOROVКи­ро Гли­го­ров не бе­ше из­бран на не­по­сред­ни из­бо­ри, ту­ку од Со­бра­ни­е­то на 27 ја­ну­а­ри 1991 го­ди­на, во сог­лас­ност со то­гаш­ни­те устав­ни ре­ше­ни­ја. Де­сет де­на по кон­сти­ту­и­ра­ње­то на Со­бра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја, на дне­вен ред дој­де и рас­пра­ва­та за из­бо­рот на пре­тсе­да­тел на Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. По пр­во­то тај­но гла­се­ње, Гли­го­ров не ги до­би по­треб­ни­те две тре­ти­ни од гла­со­ви­те по­ра­ди не­ма­ње под­др­шка од ВМРО-ДПМНЕ и од ПДП. То­гаш тој до­би 60 од по­треб­ни­те 80 гла­са. Но, по три де­на, ВМРО-ДПМНЕ из­ле­зе со со­оп­ште­ние де­ка ќе ја под­др­жи кан­ди­да­ту­ра­та на Гли­го­ров ако за пот­пре­тсе­да­тел и за пре­ми­ер на др­жа­ва­та би­де из­бра­на лич­ност од нив­на­та пар­ти­ја. На 27 ја­ну­а­ри 1991 го­ди­на, на сед­ни­ца на Со­бра­ни­е­то, со 114 гла­са „за“, Гли­го­ров бе­ше из­бран за прв пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Из­бо­ри 1994 го­ди­на – Гли­го­ров го по­бе­ди Ге­ор­ги­ев­ски

Из­бо­ри­те во 1994 го­ди­на се пр­ви­те из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја на кои гла­са­чи­те из­би­раа пре­тсе­да­тел. Во тр­ка вле­гоа Ки­ро Гли­го­ров, под­др­жан од СДСМ, и Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, ка­ко кан­ди­дат на ВМРО-ДПМНЕ. Обид за кан­ди­да­ту­ра имаа и Ха­мит Ша­бан и Ѓор­ги­ја Ата­на­сов­ски, но нив­ни­те кан­ди­да­ту­ри не беа при­фа­те­ни од ДИК. Гли­го­ров ос­тва­ри убед­ли­ва по­бе­да, осво­ју­вај­ќи 52,60 про­цен­ти од гла­со­ви­те. Спо­ред из­ве­шта­јот на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја, Гли­го­ров осво­ил 715.774 гла­са, нас­про­ти 196.936 гла­са за Ге­ор­ги­ев­ски. Тие из­бо­ри по­ми­наа со ни­за не­го­ду­ва­ња. Се гла­са­ше во 120 из­бор­ни еди­ни­ци, а во 7 из­бор­ни еди­ни­ци, од­нос­но во Ве­лес, Ра­до­виш, Ку­ма­но­во, Га­зи Ба­ба, Ки­се­ла Во­да, Ва­лан­до­во и Ве­лес, се прег­ла­су­ва­ше. Од­ѕи­вот бе­ше го­лем – ду­ри 77,76 про­цен­ти. Пра­во на глас имаа 1.360 729 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни. ВМРО-ДПМНЕ по­со­чу­ва де­ка на тие из­бо­ри има­ло 130.000 не­ва­жеч­ки лив­чи­ња и не­до­стиг од 17.523 лив­чи­ња. То­гаш ВМРО-ДПМНЕ под­не­се при­го­вор до ДИК, со ба­ра­ње из­бо­ри­те да се по­ни­штат по­ра­ди фал­си­фи­кат.

Tema83-tbl1994-3

 

Из­бо­ри 1999 го­ди­на – Ал­бан­ци­те гла­саа ма­сов­но

Шест кан­ди­да­ти вле­гоа во тр­ка по фо­тел­ја­та во ко­ја до­то­гаш се­де­ше пр­ви­от пре­тсе­да­тел во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, Ки­ро Гли­го­ров. Се кан­ди­ди­раа че­тво­ри­ца Ма­ке­дон­ци, Ва­сил Ту­пур­ков­ски, Тито Петковски , Сто­јан Ан­дов и Борис Трајковски, и двај­ца Ал­бан­ци – Муарем Неџипи и Му­ха­мед Ха­ли­ли. Во вто­ри­от круг вле­гоа Пе­тков­ски и Трај­ков­ски, кан­ди­да­ти­те на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Сле­ду­ва­ше втор круг во кој ма­сов­но гла­саа Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко по пр­ви­от круг Пе­тков­ски има­ше ре­чи­си 61.000 гла­са по­ве­ќе од Трај­ков­ски, вто­ри­от круг го до­би Трај­ков­ски со 69.000 гла­са по­ве­ќе.

Во 1999 го­ди­на, спо­ред ста­ти­сти­ка­та, пра­во на глас има­ле 1.610.340 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни. Од нив на гла­са­ње из­лег­ле 1.112.153 гла­са­чи. Има­ло 16.281 не­ва­жеч­ки лив­чи­ња. Тие из­бо­ри се нај­ма­сов­ни­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја до­се­га. СДСМ не ги приз­на ре­зул­та­ти­те од вто­ри­от круг, об­ви­ни за из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти и го ос­по­ри ле­ги­ти­ми­те­тот на Трај­ков­ски. ОБ­СЕ ги оце­ни из­бо­ри­те ка­ко за­до­во­ли­тел­ни, со за­бе­ле­жа­ни не­пра­вил­но­сти во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја и во око­ли­на­та на Скоп­је. До­де­ка не дој­де на власт, во 2002 го­ди­на, СДСМ го ос­ло­ву­ва­ше пре­тсе­да­те­лот ка­ко „гра­ѓа­ни­нот“.

Tema83-tbl1999-4

 

Из­бо­ри 2004 го­ди­на – Цр­вен­ков­ски нас­про­ти Ке­дев

Пре­ра­на­та смрт на Трај­ков­ски, кој за­ги­на во ави­он­ска не­сре­ќа, до­не­се пред­вре­ме­ни пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја. На тре­ти­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри има­ше са­мо че­тво­ри­ца кан­ди­да­ти. Се кан­ди­ди­раа двај­ца Ма­ке­дон­ци, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ка­ко кан­ди­дат на СДСМ, и Са­шко Ке­дев, ка­ко кан­ди­дат на ВМРО-ДПМНЕ, и двај­ца Ал­бан­ци, Гзим Остре­ни од ДУИ и Зу­ди Џе­ли­ли од ДПА. Во вто­ри­от круг вле­гоа Цр­вен­ков­ски и Ке­дев, а би­тка­та ја до­би Цр­вен­ков­ски со убед­лив број гла­со­ви – 62,6 про­цен­ти од вкуп­ни­от број гла­со­ви. На тие из­бо­ри, за раз­ли­ка од прет­ход­ни­те во 1999 го­ди­на, из­лег­ле 202.824 гла­са­чи по­мал­ку. ВМРО-ДПМНЕ по­ба­ра по­ни­шту­ва­ње на из­бо­ри­те, об­ви­ни за из­бо­рен фал­си­фи­кат и го ос­по­ри ле­ги­ти­ми­те­тот на Цр­вен­ков­ски.

– Ка­ко ре­зул­тат на не­из­вес­но­ста по­вр­за­на со ко­неч­ни­от ис­ход од из­бо­ри­те, по одр­жу­ва­ње­то на пр­ви­от круг вла­сти­те пре­зе­доа че­ко­ри, кои беа спро­тив­ни на об­вр­ска­та за спро­ве­ду­ва­ње фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри, за што наб­љу­ду­ва­чи­те на ОБ­СЕ изра­зи­ја дла­бо­ко не­за­до­волс­тво. Ка­ко ре­зул­тат на тој факт, кан­ди­да­тот на СДСМ ус­пеа да се из­бо­ри за по­бе­да, ме­ѓу­тоа бе­ше до­ве­ден во пра­ша­ње не­го­ви­от ле­ги­ти­ми­тет. По­ра­ди не­де­мо­крат­ски­те мер­ки со кои СДСМ по­бе­ди на из­бо­ри­те, ВМРО-ДПМНЕ до­не­се од­лу­ка да не го приз­на­ва ста­ту­сот пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на ли­це­то Цр­вен­ков­ски – ко­мен­ти­раа то­гаш ВМРО-ДПМНЕ, кои низ го­ди­ни­те го ос­ло­ву­ваа Цр­вен­ков­ски со „ли­це­то Б.Ц.“.

Tema83-tbl2004-6

Из­бо­ри 2009 го­ди­на – нај­ни­зок од­ѕив

Из­бо­ри­те во 2009 го­ди­на се из­бо­ри со нај­го­лем број кан­ди­да­ти. Ќе би­дат за­па­ме­те­ни и по тоа што то­гаш ја имав­ме пр­ва­та же­на-кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел, Мируше Хоџа, ка­ко кан­ди­дат на ДПА, ка­ко и по тоа што се из­бо­ри со пр­ви­те не­за­вис­ни кан­ди­да­ти. Во пре­диз­бо­ри­е­то има­ше ни­за ан­ке­ти, а су­деј­ќи спо­ред нив се оче­ку­ва­ше де­ка ка­ко кан­ди­дат ќе се по­ја­ви Ср­ѓан Ке­рим. Но, тој не са­ка­ше да се кан­ди­ди­ра, по што во тр­ка вле­зе Ѓор­ге Ива­нов. Се кан­ди­ди­раа Љу­бо­мир Фрч­ко­ски, ка­ко кан­ди­дат на СДСМ, Љу­бе Бо­шко­ски ка­ко не­за­ви­сен кан­ди­дат, Имер Сел­ма­ни ка­ко чо­век на не­го­ва­та Но­ва де­мо­кра­ти­ја, На­но Ру­жин од ЛДП и Ар­гон Бу­џа­ку ка­ко кан­ди­дат на ДУИ.

Во пр­ви­от круг, Ива­нов во­де­ше зна­чај­но пред дру­ги­те кан­ди­да­ти со 35 про­цен­ти, нас­про­ти Фрч­ко­ски, кој до­би 20 про­цен­ти од гла­со­ви­те. Тоа што бе­ше впе­чат­ли­во на тие из­бо­ри е кан­ди­да­ту­ра­та на Сел­ма­ни, кој со­бра 147.547 гла­са. Тој бе­ше на­ре­чен „ма­ке­дон­ски­от Оба­ма“ по­ра­ди не­го­ва­та спо­соб­ност да ги пре­че­ко­ри ет­нич­ки­те гра­ни­ци и да ги прив­ле­че и ма­ке­дон­ски­те и ал­бан­ски­те гла­са­чи.

Не­кол­ку де­на пред да се одр­жи вто­ри­от круг, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се сог­ла­си­ја да се под­др­жат и на ло­кал­ни­те и на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. То­гаш се по­ја­ви страв де­ка минималниот цен­зус од 40 про­цен­ти мо­же да не би­де ис­пол­нет во вто­ри­от круг. На крај, но­ви­от пре­тсе­да­тел, Ѓор­ге Ива­нов, бе­ше из­бран со са­мо 2,61 про­цен­та над по­треб­ни­от цен­зус, осво­ју­вај­ќи 453.616 гла­са. Ова се из­бо­ри со нај­ни­зок од­ѕив и со нај­го­лем број не­ва­жеч­ки лив­чи­ња – ду­ри 453.616. Спо­ред из­ве­шта­и­те, има­ло ил­јад­ни­ци лив­чи­ња на кои рач­но би­ле до­пи­ша­ни ими­ња ка­ко Чак Но­рис, Гос­под, Џи­ми Хен­дрикс или Џорџ Буш.

Tema83-tbl2009-7

 

(Пишува: Билјана Зафирова | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 83. број на неделникот „Република“, 4.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top