| четврток, 6 декември 2018 |

Почна гласањето за вториот круг на претседателските избори во Франција

Гласањето за вториот круг од претседателските избори во Франција почна денеска во француските прекуморски департамни и територии, како Сент Пјер и Микелон каде беа отворени првите гласачки места, следени од Гвијана и на Карибите, јави дописникот на МИА од Париз.

Гласањето денеска се одвива во една половина од прекуокеанските територии: Сент Пјер и Микелон, Француска Гвијана, Гвадалуп, Мартиник, Сен Бартелеми, Свети Мартин и француска Полинезија, како и за Французите кои живеат на американскиот континент во дипломатските претставништва.

При првиот круг имаше долги редици пред дипломатските претставништва, посебно во Монтреал, Канада, каде редиците беа долги над два километри.

Инаку најголемиот број од 69.245 гласачки места во Франција ќе бидат отворени утре во осум часот, пред кои каде се повикани да гласаат 45,7 милиони гласачи во Франција и 1,3 милиони француски гласачи кои живеат во странство.

Според испитувањата на јавното мислење секој четври Французин не знае уште за кого ќе гласа меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, а се најавува дека околу 30 отсто од гласачите не планираат да се појават на изборните места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top