Кандидатката Марин ле Пен се залага за национализам, а кандидатот Емануел Макрон е интернационалист по теркот на Барак Обама и на Џастин Трудо.
Според првичните резултати од првиот круг од изборите, Макрон има освоено 23,7 проценти од гласовите, додека Ле Пен освоила 21,7 процент. Тие ќе се соочат во вториот круг од изборите, кој ќе се одржи на 7 мај. Ниту еден од другите девет кандидати што се бореа во неделата не доби повеќе од 20 проценти поддршка. Ле Пен сака да стави крај на доселувањето во Франција велејќи дека земјата е преполна.
Макрон е фаворит за победа во вториот круг, но, се разбира, анкетите може и да згрешат.
Двајцата се архетипови на новата глобална борба што ја заменува старата левичарско-десничарска парадигма. Нивните реакции по терористичкиот напад во четвртокот на Елисејските полиња во Париз, за кој ИСИС ја презеде одговорноста, ги прикажуваат нивните ставови.
По нападот, Макрон праша на француското радио дали тероризмот е новата нормална на која Французите мора да се навикнат.
– Оваа закана, овој непроценлив проблем, е дел од нашиот секојдневен живот и ќе биде дел и во годините што доаѓаат – рече Макрон.
Ле Пен изјави дека ќе ги депортира сите на листата поддржувачи на тероризмот, дури и тие што се родени во Франција, и дека ќе ги затвори сите џамии и француските граници.
Ле Пен го предводи крајнодесничарскиот Национален фронт, основан од нејзиниот татко, Жан-Мари ле Пен, кого таа го замени за да ја демонизира партијата, по години на антисемитски и расистички изјави од него.
Макрон го основаше движењето „Ен Марш“ откако служеше како министер за економија за актуелниот социјалистички претседател Франсоа Оланд.
Нивната победа значи и целосно распаѓање на двете партии што најмногу биле на власт откако генерал Шарл де Гол ја создаде француската Петта Република во 1958 година, десничарските голисти и левичарските социјалисти. Единствениот исклучок на овој двопартиски систем беше изборот на центристичкиот претседател Валери Жискар Дестен во 70-тите години на минатиот век.
Бидејќи Макрон и Ле Пен доаѓаат од партии без големи политички основи, мала е веројатноста дека кој било од нив ќе има корист од законодавното мнозинство што ќе произлезе по изборите на 11 и на 18 јуни. Сепак, големи се очекувањата дека Макрон ќе успее да собере поддржувачка коалиција ако победи на претседателските избори во мај.
Очигледно е дека политиката и ставовите на Ле Пен личат на тие на претседателот Доналд Трамп. Трамп пред неколку дена предвиде дека терористичкиот напад ќе оди во прилог на Ле Пен.
Ле Пен, 48 години, сака да ја повлече Франција од шенген-зоната составена од 26 европски земји и од заедничката валута на Европската унија, еврото.
Но, таа, исто така, е во близок однос со рускиот претседател Владимир Путин, од кого администрацијата на Трамп се обидува да се оддалечи. Ле Пен изјави дека ќе размисли за повлекување на економските санкции врз Русија доколку биде избрана. Нејзината кампања има корист од руските банкарски кредити и од поддршката од огромната пропагандна империја на Путин.
Макрон, 39 години, е кандидатот што најмногу одговара на стилот на Ангела Меркел, моќната канцеларка на Германија. Од 11 кандидати што се бореа во неделата, Макрон најблиску ја одразува цврстата поддршка на Меркел за силна и проширувачка Европска унија, нејзината политика за имиграцијата и нејзината желба да се задржат економските санкции врз Русија. Неговите ветувања за воведување економски реформи, исто така, му одговараат на Берлин.
Одбивноста што Меркел ја чувствува кон Ле Пен е толку силна што во неделата „Економист“, спомнувајќи го името на германскиот министер за надворешни работи, забележи дека не постои датотека што седи заклучена во фиока некаде во „Аусвертигес амт“ со планови доколку победи Ле Пен.
Но, дури и Франција предводена од Макрон може да соработува со администрацијата на Трамп. На пример, Париз може да направи случај во Белата куќа дека нејзините војници во Африка секојдневно се борат против тероризмот во местото што се чини дека ќе биде следната борбена линија за ИСИС и за Ал Каеда. Голема е веројатноста дека администрацијата на Трамп во тој потфат ќе ја смета за партнер Франција дури и ако е предводена од Макрон.
И покрај нивните разлики, Ле Пен и Макрон имаат некои сличности. И двајцата се големи владини типови.
Ле Пен е шампион за јавни услуги, сака да воведе даноци за компаниите за надворешни услуги и да ја смени работната недела на Французите од 35 часа. Таа, исто така, одбива да го намали големиот број државни службеници.
Макрон вели дека сака флексибилност за младите Французи што се однесува до работната недела и вели дека работната недела за луѓето над 50 години може да се намали на 32, па дури и на 30 часа.
– Зошто да не? – вели тој.
Макрон, исто така, сака да потроши дополнителни 50 милијарди евра за време на претстојниот петгодишен претседателски мандат. Тој сака буџет за еврозоната и министер за финансии. Тој нема да ја зголеми старосната граница од 62 години за одење во пензија, но барем нема ни да ја намали на 60 години, како што ветува Ле Пен.
Нема сомнение дека со тоа што ги избраа овие двајца кандидати, француските гласачи го отфрлија политичкиот естаблишмент. Ако изборот на Трамп значеше дека американските гласачи го отфрлија естаблишментот од источниот брег, тогаш француските гласачи фрлаат молотови коктели врз француската политичка класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.