| четврток, 6 декември 2018 |

Кој и да победи, Франција си заминува од ЕУ

Јас сум проевропски ориентиран, во текот на изборите постојано ја бранев европската идеја и европските политики оти верувам дека тоа е многу важно за францускиот народ. Истовремено мораме да се соочиме со ситуацијата, да го слушаме гласот на народот, рече Макрон

ЕУ мора да спроведе реформи или ќе се соочи со излегување на Франција од европскиот блок, рече кандидатот за француски претседател Емануел Макрон на почетокот од последната недела од кампањата, пред вториот круг на претседателските избори.

-Јас сум проевропски ориентиран, во текот на изборите постојано ја бранев европската идеја и европските политики оти верувам дека тоа е многу важно за францускиот народ. Истовремено мораме да се соочиме со ситуацијата, да го слушаме гласот на народот. Народот е бесен, нетрпелив и дисфункционалноста на ЕУ повеќе не е одржлива. Во мојот мандат ќе ја разгледам потребата Европската унија длабински да се реформира, рече Макрон.

Според него, ако се дозволи ЕУ да функционира и понатаму како што функционира сега, тоа би било предавство.

-Јас не сакам тоа да го правам. Ден после изборите би можеле да имаме Фрегзит или повторно Национален фронт, предупреди Макрон на партијата на неговата противкандидатка.

Во првиот круг од изборите Макрон освои повеќе гласови од неговата противкандидатка од Националниот фронт, Марин Ле Пен.

Ле Пен изјави дека ќе распише референдум за можно излегување на Франција од ЕУ. Таа ја доби поддршката од граѓаните од руралниот дел од Франција и од поранешните индустриски подрачја, така што вети дека од ЕУ ќе ја преземе контролата над границите на Франција и ќе го намали приливот на мигранти, пренесува Би Би Си.

Граѓаните на Франција ќе излезат на гласање во вториот круг од претседателските избори в недела на 7 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top