| четврток, 6 декември 2018 |

Средба со наградени автори на саемот на книгата

Во Промотивниот центар на Саемот на книгата, денеска во 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, организира „Средба со наградени македонски автори – добитници на меѓународни награди и признанија“.
За значењето и придонесот на меѓународните награди и признанија за афирмација на писателите од Република Македонија во светот ќе зборува м-р Владимир Илиевски, кој ќе ги претстави авторите и истовремено ќе биде модератор на овој репрезентативен книжевен настан.
На средбата ќе бидат претставени Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Ресул Шабани, Ристо Василевски, Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Раде Силјан, Јордан Плевнеш, Бранко Цветковски, Христо Петрески, Александар Прокопиев, Ким Мехмети, Славе Ѓ. Димоски, Венко Андоновски, Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Никола Маџиров, Јовица Тасевски-Етернијан и Николина Андова, од кои еден дел нема лично да присуствуваат заради престој во странство.
Организаторот информира дека на овој значаен културен настан се поканети и дипломатските претставници на државите во кои им се доделени наградите и признанијата на македонските автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top