На штандот на Просветно дело и Детска радост, денес во 13 часот, ќе бидат промовирани избраните дела на Оливера Николова.
„Ти чука ли срцето за мене?“, “Ми чука ли срцето за тебе“ и “Ни чукаат срцата за нас?“ се насловите на трите тома кои ќе ги промовира проф. Весна Мојсовска – Чепишевска. Во рамките на овој избор се застапени култниот „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Преминот не е осветлен“, „Тажниот весел Владимир“…
Ликовно-графичкото обликување на насловните страници е на Жарко Туниќ, а се авторско дело на Александар Сотировски.
Денеска на штандот на „Просветно дело“ и „Детска радост“ во 11 часот ќе има презентација на учебниците за странски јазици, а во 12 часот е закажана промоцијата на книгата за деца „Спирко Немирко“ – дебитантско дело на Ксенија Трајчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.