| четврток, 6 декември 2018 |

Исидора Бјелица предизвика големо интересирање на Саемот на книга (фото)

potpisuvanje knigi (2) (Custom)

Српската писателка Исидора Бјелица предизвика големо интересирање на штандот на издавачката куќа „Три“, каде што е екскузивна гостинка на Саемот на книга кој почна денеска и ќе трае до понеделник, 14 април.

Таа потпишуваше примепроци од нејзиниот последен рома „Спас“ кој „Три“ го објави. Бјелица мометно е најславната српска писателка, која има богат опус од 60 книги. Последната, „Спас“ е продадена во 200.000 примероци.

potpisuvanje knigi (1) (Custom)

На годинешиот Саем на книгата се најавени многу промоции на книги и многу попусти.

Првичниот впечаток од најавените активности на македонските издавачи е дека понудени се многу нови наслови, претежно преводна литература, но сепак фокусот е ставен на домашната книжевна продукција.
Издавачите се обидуваат да ја привлечат читателската публика со своите наслови и саемски попусти што ги најавуваат преку рекламни материјали, каталози, разни акции и подароци за читателската публика.
Во текот на овие саемски денови, на голем дел од штандовите ќе присуствуваат и бројни писатели, каде читателите ќе можат да се сретнат со омилените писатели и да купат книги со авторски потпис.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top