Носителот на листата во ИЕ 4, Зоран Ставрески при денешната посета на Неготино истакна дека по пет илјади денари ќе заштедат младите семејства со бебе со предложената мерка на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на стапката на ДДВ за бебешка опрема, а до 3.000 денари ќе биде заштедата со предвиденото намалување на стапката на ДДВ за училишен прибор.
Тој смета дека мерките што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнат на младите семејства да ги намалат трошоците околу бебињата, односно децата.
– Ќе се намали данокот на додадена вредност и за бебињата и се што се користи од тетратки до ранчиња, до моливи, пенкала, боички, односно она што го користат децата за училишен прибор во текот на целата година. Тоа би требало на семејствата во текот на целата година со две деца да им обезбеди заштеда од 2.500 до 3.000 денари – изјави Ставрески.
Со намалувањето на ДДВ за бебешки производи, како колички, релаксатори, пелени, цуцли, шишиња, се што користат младите семејства со бебе ќе обезбеди околу 5.000 денари на годишно ниво заштеда.
– Со тоа сметам дека Владата дава директен придонес и со програмата обезбедува директна поддршка за животниот стандард за младите семејства и најмладите жители – истакна Ставрески.
Ставрески ја посети и компанијата „Слобода“ во која што се вработени 50-ина работници и се сретна со повеќе неготински бизнисмени.
– Во Неготино приватниот сектор е доста изразен и сакам да видам со стопанствениците како ги користат мерките и проектите кои Владата ги има во делот на доделување на евтини кредити и доделување субвенции за вработување и слично. Гледаме дека се создаваат добри услови за бизнис во Македонија и Неготино и ние и во иднина во претстојната програма предвидуваме уште 100 милиони евра за компаниите – истакна Ставрески.
Цветко Коцевски, сопственикот на компанијата „Слобода“ изјави дека до сега имаат користено активни мерки од Владата, а и ќе аплицираат и за новите активни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)



