| четврток, 6 декември 2018 |

Веле Смилевски нов претседател на ДПМ, на Собранието на писателите е Раде Силјан

На Изборното собрание на Друштвото на писателите на Македонија, кое се одржа викендот, за нов претседател е избран Веле Смилевски. За Смилевски гласаа 86 проценти од учесниците во работата на највисокиот собир на македонската писателска асоцијација.

За нов претседател на Собранието на ДПМ е избран писателот Раде Силјан.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, изберено е и Претседателство од 9 члена, како и Собраниски одбор во кој влегоа по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top