Екипата на Работнички е нов лидер по одигрувањето на натпреварите од 26.коло во Првата фудбалска лига. Попладнево „романтичарите“ постигнаа победа на гостувањето во Кичево против Напредок и по поразот на Пелистер од Ренова се
израмнија со бројот на бодови со битолчани, но, Работнички има подобра гол разлика.
Резултати на денешните натпревари од 26.коло: Напредок – Работнички 0:2, Ренова – Пелистер 2:1, Македонија ЃП – Хоризонт Турново 1:2 и Металург – Еуромилк 1:0.
На вчера одиграните натпревари: Гостивар – Вардар 0:2 и Шкендија – Брегалница 0:2.
Табела: Работнички 47 бодови, Пелистер 47, Вардар 45, Хоризонт Турново 44, Металург 44, Ренова 36, Шкендија 36, Брегалница 36, Еуромилк 32, Македонија ЃП 23, Напредок 14, Гостивар 14.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


