Момче од Кина, кое било смртно болно, успeало да ѝ го спаси животот на својата мајка.
Седумгодишниот Чен Сиаотијан, кој боледувал од канцер на мозокот, починал минатата среда, а истиот ден неговите органи биле донирани. На тој начин успеал да го спаси животот на својата мајка Жоу Лу, која страдала од уремија, па единствен спас за неа била трансплантација на бубрегот.
Kога на момчето му соопштиле дека нема уште долго да живее, тој побарал неговиот бубрег да и го пресадат на мајка му.
– Се согласив да го земам бубрегот на својот син, откако семејството ме убеди – рече Жоу Лу.
Чен го донирал и својот десен бубрег на една 21-годишна девојка, како и црниот дроб на еден 27-годишен маж. Сите операции се успешни и на тој начин се спасени три живота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.