На полноќ истекнува рокот за болните и изнемоштените лица што сакаат да гласаат во домашни услови за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори.
Заменик-претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип, Маре Каранакова, информира дека има интерес кај болните и изнемоштените за искористување на гласачкото право.
– Сите што се пријавиле или ќе се пријават до вечер на полноќ ќе имаат право да гласаат на 27 април. По претседателските избори, по 13 април, ќе донесат само известување дека ќе го користат повторно истото право да гласаат во домашни услови на 26 април, додека медицинската документација тогаш не е потребна. Нови пријавувања на болни по претседателските избори нема да примаме во согласност со законот – вели Каранакова.
Еден ден пред изборите гласаат и лицата на кои им е одреден домашен притвор и осудениците во затворот во Штип. Новина е и што избирачките одбори на овие избори ќе имаат два избирачки списока, еден за граѓаните кои живеат во земјава, а вториот за иселените во странство кои не се пријавиле да гласаат во македонските дипломатски преставништва.
Во Штип со право на глас на 80-те избирачки места се 39.903 лица, на избирачкиот список за иселените има 1.796 избирачи, во Свети Николе со право на глас се 15.092 , а во Карбинци 3.189 гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале