| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмесечно бебе од Пакистан обвинето за убиство и за мешање во „државни работи“

Baby-Muhammad-Mosa-Khan-3376336

Бебе старо девет месеци се појави на суд во Пакистан поради обвинение дека планирало убиство.

Бебето Мухамед Моса Кан, исто така, е обвинето дека ѝ се заканувало на полицијата, а се товари и за „мешање во државни работи“. Бебето на суд се појави со еден постар член од семејството, кој го држаше во прегратка. Тоа само плачеше и го држеше шишето со млеко. Потоа беше пуштено со кауција.

Целото семејство, вкупно 30 члена, е уапсено бидејќи со камења удирало кон инспекторите. Семејството се товари за обид за убиство на луѓето по кои биле фрлани камењата. Полицијата ги привела и поднела извештај против сите нив, вклучувајќи го и деветмесечното бебе.

Веројатно е дека ќе биде отфрлено обвинението против бебето. Семејството вели дека фрлале камења бидејќи биле револтирани оти немале струја во реонот во кој живеат.

Во почетокот судијата кој го води процесот не можел да го отфрли обвинението бидејќи тоа не било во негова надлежност, пишуваат локалните медиуми. Но, во меѓувреме интервенирал министерот Шабаз Шариф, па судијата побарал суспензија на инспекторот кој го водел случајот.

Најниската старосна граница за кривична одговорност во Пакистан е 12 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top