Македонските репрезентативци до 20 години од денеска во Скопје ги почнуваат квалификациите за пласман на Европското првенство во Австрија.
Против Италија од 19 часот вечерва талентираните момчиња, кои ги предводи селекторот Александар Јовиќ, ќе ја почнат мисијата за пат кон Австрија. Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“, а со нас во група се и Исланд и Грција.
Само првопласираната селекција од групата ќе игра во Австрија на ЕП од 24 јули до 3 август годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.