Еден од најдобрите и најталентирани голмани на светот, Тибо Куртоа го продолжил договорот со Челси, но, најверојатно, останува да брани за сегашниот клуб Атлетико Мадрид.
Со таква информација излезе шпанска „Копа“, а новинарот Антонио Руиз тврди дека договорот за продолжување на позајмицата на Куртоа од Лондон во Мадрид е завршена работа.
Тибо има 21 година, а веќе три сезони го брани голот на „јорганџиите“ од Мадрид иако официјално со Челси има договор до 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.