Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во Виница и во Радовиш, како и помали митинзи во Чешиново-Облешево, Зрновци и во Карбинци.
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Делчево и средби со граѓани во Македонска Каменица, Берово и во Пехчево.
Коалицијата ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Кисела Вода и средби со граѓани во Петровец, Илинден, Зелениково, Сопиште и во Количани.
Кандидатот за претседател на ДПА, Илијаз Халими, ќе одржи митинг во селото Речане, а претходно средби со граѓаните ќе има во Дебреше, Здуње, Равен и во Вруток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.