| четврток, 6 декември 2018 |

Агенција за млади и спорт им честиташе на Вардар и на Металург

metarurg-danci-3

Ракометните екипи на Металург и на Вардар изборија пласман во четврт-финалната рунда во елитното клупско натпреварување, со што Македонија првпат има два учесника во четврт-финалето (три ако се земат предвид и ЖРК Вардар).

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт испрати честитка за големиот подвиг на двата македонски ракометни гиганти, Металург и Вардар.

vardar-hamburger-6

„Почитувани спортисти-ракометари и членови на стручните штабови, Агенцијата за млади и спорт од срце ви ги честита големите историски победи извојувани во најсилната ракометна европска лига, најпрвин на Металург против Колдинг, а потоа и на Вардар против европскиот шампион Хамбург.

Со победите против ракометните велесили Колдинг и Хамбург уште еднаш докажавте дека македонскиот ракомет заслужено се наоѓа во европскиот ракометен врв. Вие сте исклучително позитивен пример за сегашните и идни млади генерации и ви посакуваме оваа победничка серија да трае и да ве следи до крајот на сезоната во освојувањето на првите места во Лигата на шампионите“,  стои во соопштението на АМС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top