| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот се разбуди, Вардар го декласира Напредок со 6-0

Конечно и македонскиот шампион Вардар се разбуди од зимскиот сон и забележа убедлива победа во 25. коло од првата фудбалска лига, против Напредок со 6-0. Одлично одигра младиот Јасир Асани постигнувајќи 3 гола, Филип Деспотовски погоди двапати, а еднаш прецизно стрелаше Антонио Бујчевски.

Во дербито Шкендија ја продолжи победничката серија со нов триумф, овојпат против Турново на гостински терен. Куртиши и Фазлиу беа стрелци на головите за победа од 2-0 на Шкендија. Тоа беше единствената победа на гостинска екипа во 25. коло.

Резултати: Вардар – Напредок 6-0, Турново – Шкендија 0-2, Металург – Ренова 2-2, Пелистер – Гостивар 2-0, Еуромилк – Брегалница 0-0. Вчера: Работнички – Македонија Ѓ.П. 2-0.

Табела: Пелистер 47, Работнички 44, Вардар 42, Турново и Металург по 41, Шкендија 36, Ренова и Брегалница по 33, Еуромилк 32, Македонија Ѓ.П. 23, Напредок и Гостивар по 14.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top