| четврток, 6 декември 2018 |

„Големата убавина“ и „Мапетите во бегство“ во „Синеплекс“

Добитникот на Оскар за странски филм „Големата убавина“ (La grande bellezza) на италијанскиот режисер Паоло Сорентино го отсликува декадентниот и извештачен свет на високата буржоазија во Рим, во чиј вртлог се наоѓа Џеп Гамбардела, тажен 65-годишен писател и новинар. Домашната публика имаше можност од денеска да ужива во преубавите кадри од Рим и во хедонистичката прошетка на главниот јунак низ општествениот живот на римската културна елита.
65-годишниот плејбој, крал на високото друштво, Џеп Гамбардела, шарматен хроничар на Рим и културниот живот на вечниот град, е постојан гостин на забавите кои имплицитно укажуваат на декаденцијата на културните кругови на римската претстолнина. Џеп е ноќна птица која за живот заработува како новинар. Тој е принуден постојано да им објаснува на неостварените или остварените уметници зошто престанал да пишува по едниот и единствен објавен роман. По смртта на жената која ја сакал во младоста, Џеп почнува да се преиспитува.
„Големата убавина“ на Сорентино е стилизиран филмски есеј за животот на богатиот сноб, кој со презир гледа на своето опкружување и е во потрага по чиста и вистинска емоција, а најмногу од сè – по убавина.
Muppets_Most_Wanted

На големото платно ни пристигнува и филмот кој ќе не врати во детството и ќе ни ги освежи сеќавањата за палавите Мапети. „Мапетите во бегство“ е новата екранизирана мисија на овие култни кукли.
За време на светска турнеја, Мапетите се вклучени во центарот на голема европска кражба на драгоцени камења, предводена од лукавиот криминалец и неговиот помошник. Приказната се заплетува кога Мапетите сфаќаат дека криминалецот е многу сличен на Кермит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top