Српскиот Министер за надворешни работи Иван Мркиќ в недела пристигнува во дводневна посета на Македонија при што со својот македонски колега Попоски ќе разговара за зајакнување на добрососедските односи и соработка како и можноста за интензивирање на трговијата меѓу двете земји.
„Република“ дознава дека Мркиќ и Попоски треба да потпишат договор за соработка меѓу двете влади во процесот на пристап во ЕУ како и договор за вработување на членови на семејствата на дипломатите кои ги претставуваат своите земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


