Ракометниот клуб Вардар се огласи со соопштение по случувањата на мечот од Лигата на шампионите против Хамбург, како одговор на несогласувањата со навивачката група Комити. На официјалниот клупски сајт раководството на македонскиот шампион понуди објаснување за недоразбирањата со најголемата навивачка група на клубот. Комити не присуствуваа на мечот со Хамбург. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
РК Вардар, ЖРК Вардар СЦБТ и ФК Вардар во својство на релевантен правен субјект во Р.Македонија со традиционално опшествен карактер од спортски активитет, жали што дел од своите симпатизери и поддржувачи не го почитуваат правниот поредок и владеењето на правото во демократска суверена и независна Република Македонија, а ние како правен субјект сме должни и е облигационо обврзувачки за нас се што постои во својство на правен акт, Закон и нормативни акти усвоени од Законодавната власт во РМ.
Во соопштението пласирано од страна на дел од нашите симпатизери и поддржувачи, каде експлицитно е потенцирано дека групата не го признава Законот за спорт, ние во својство на правен субјект целосно се оградуваме од изјави од ваков карактер.
Доколку групата има претензии да менува Закон или да руши државно уредување клубот се оградува и ги испраќаме тие поединци во институциите на Државната управа, каде Собранието на РМ е единствено место каде се усвојуваат Законите.
Доколку барате амандмани на постојниот и важечки Закон за спорт, иницијативата за преформулација треба да се иницира од страна на Агенцијата за Млади и спорт.
Натпреварот РК Вардар – ХСВ Хамбург во Арената СЦБТ, беше натпревар од висок ризик за што проценка официјално врши Министерството за внатрешни работи (СВР Скопје), а ние како правен субјект секогаш организацијата ќе ја реализираме на највисоко ниво согласно барањата кои ќе ги имаат меѓународните федерации:СЕХА, ЕХФ, УЕФА, Органите на државната управа и секогаш ќе ги почитуваме барањата на гостинските екипи со цел достојно и репрезентативно да го претставуваме клубот.
РК Вардар јавно потенцира дека го почитува секој свој поддржувач, навивач, симпатизер и навивачка група која ги почитува Законите и државното уредуваење во РМ. Овој викенд беа легитимирани сите присутни на натпреварите по пат на електронскиот систем за продажба на билети МК Тикетс каде што 90 % од билетите се купуваа по пат на кредитна картичка, каде што се регистрирани сите лични податоци на купецот на билетот.
На билетарата во Арената СЦБТ каде беа легално продадени 2364 билети, со издавање на фискална сметка, од фискален апарат регистриран во УЈП беа барани средства за лична идентификација, а за истиот постои релевантен доказ – видео запис кој е лоциран во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.
РК Вардар нема никогаш во иднина да дозволи криминални дејствија од аспект на затајување на данок како што во случајот беше реализирано од страна на мала група поддржувачи, која преку фантазмагорска љубов во организмот преку дејствија кои ги применуваат нанесуваат штета од различни аспекти.
Влезниците со тираж од 700 гратис билети кои се нула денари, никогаш не може да бидат препродавани на начин како што беше тоа реализирано минатиов викенд, од страна на мала група поддржувачи, бидејќи билетите кои беа гратис по својата природа се бесплатни и нема основа за истите да постои паричен надомест, ниту пак да бидат злоупотребувани. Дејствијата кои беа извршени во иднина може да нанесат штета со процесно дејствие: парична казна од УЈП и блокада на сметката што ќе предизвика блокада на финансиските средства, хендикеп за исплата на спортисти, што ќе имплицира заминување на сите спортисти од ВАРДАР, а клубот ќе биде етаблиран како криминална организација која не ги почитува Законите.
Актуелната гарнитура и раководство на клубот нема никогаш да дозволи штета од Законски аспект за клубот, а ниту планира во иднина да проектира финсниски средста за глобите, напротив ќе креира стратегија за подобар спортски менаџмент онаму каде што е неопходно со цел да остварат подобри резултати.
Клубот никогаш не посакува да изгуби било каков поддржувач, а најмалку оние кои секогаш ги поддржувавме и почитувавме како наш осми играч.
За таа цел во иднина РК Вардар потенцира да своите навивачи да не ги препродаваат гратис влезниците кои ги добиваат бесплатно од страна на раководството, и се надева дека во блиска иднина Законите ќе станат облигаторни за сите и ќе бидат почитувани од нивна страна.
Клубот никогаш не користи ниту пак ќе користи ефтини трикови за да си ги деградира своите поддржувачи бидејќи одлуката за спроведување на прописите од Законот за спорт беа насока од страна на надлежните институции кои клубот секогаш ќе гледа на нив како облигаторни.
Долунаведените немили настани предизвикани од страна на група поддржувачи каде клубот сноси материјална штета, нарушување на угледот на меѓународната сцена, повреда на владеењето на правото во Р.М, како и нарушувањето на безбедноста на останатите посетители во спортските објкети каде се реализирани натпреварите.
Спортскиот колектив Вардар има одговорност пред сите свои искрени симпатизери, навивачи и обожаватели да одговори на известувањето од срана на непознати лица кои што испраќаат соопштенија до јавноста зад навивачката група “КОМИТИ” која ја користат како инструмент за остварување на цели кои што не се во интерес ни на колективот ВАРДАР, а најмалку на искрените членови на групата “КОМИТИ”. Имено, за натпреварот со екипата на ХСВ Хамбург, клубот обезбеди на денот на одигрувањето на натпреварот на членовите на навивачката група “КОМИТИ” кои што во моментов се јавуваат како водичи 700 бесплатни влезници кои истите ги продаваа по 250 ден по влезница, што наиде на револт и негодување кај членовите на самата група.
Горенаведените ставови за кои што управата на клубот не планира да проектира финанскиски средства, а за недолично однесување до сега беа имплицирани финснсиски расходи:
1.Во СЕХА Гаспром Јужен Тек лигата – натпревар со екипата на РК Металург во Арената СЦБТ, се фрлени безброј запалки, метални парички и други елементи, како и пеење на националистички песни казниви по член 2 од Законот за спорт. За овој натпревар клубот е оштетен со глоба од 1500 евра, правното лице односно Директорот на клубот 1500 евра, за фрлање предмет на терен 1500 евра, како и глоба за пеење на националистички песни од 1500 евра, однсоно вкупно 6000 евра.
2.Натпревар од Лигата на шампиони со екипата на Динамо Минск, фрлање со предмети по судиите и повреден ненамерно играч на клубот Тимур Дибиров. Казна за клубот 1500 евра.
3.На првиот дуел со РК Металург од Лигата на шампиони, пред почеток на натпреварот повредено е лице од агенцијата за обезбедување Перпетумобиле – со скршеница на ногата.
На истиот натпревар беа фрлани предмети на терен, повредени неколку членови како и потреба од примена на полиција. Казни по член 2 и 10 од Законот за спорт.
4.На вториот натпревар од дуелот со РК Металург, фрлање на стол внатре во теренот и метални парички, како и повторно пеење на националистички песни.
5.ФК Вардар , натпревар од прво коло со екипата на Напредок. Од страна на клубот организирано превоз, но сепак натпреварот неколку пати прекинат поради недолично скандирање и навивање.
6.Во Арената Филип втори, на натпреварот со Пелистер, фрлање на запаливи материјали по терен, националистичко пеење.
7.Втор натпревар одигран во Арената Филип 2ри со екипата на Работнички, повторно националистичко пеење, како и нарушување на мирот на гостинската екипа со скандирање и кршење на врати.
Во изминатиот период на сите натпревари раководството на Вардар се потруди на секој можен начин да укаже на дел од членовите за горенаведените дејствија дека се штетни и опасни за останатите посетители на натпреварите.
Вардар за своите навивачи и посетители е должен да се грижи за нивната безбедност и комоција за времетраењето на секој натпревар.
Вардар во иднина се надева дека ќе наиде на конструктивност, кооператвност и соработка со оваа група поддржувачи која викендов ги дискридитираше процесните дејствија на органите на државната управа и законите во РМ.
Ве замолуваме да имате разбирање и да бидете наши поддржувачи во процесот :
· 1/2 финале Лига шампиони ЖРК Вардар СЦБТ
· 1/8 финале Лига шампиони РК Вардар
· 1/2 Сеха Гаспром Јужен Тек лига РК Вардар
· Задржување на титулата во Државното првенство во фудбал и усмерување на силите кон квалификации за Лига на шампиони УЕФА.
Спортски поздрав,
РК Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.