| четврток, 6 декември 2018 |

Самсоненко не може да се израдува на победа на Вардар, и Шкендија ги освои бодовите во Скопје

Продолжува агонијата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. И по третото пролетно коло не успеа да забележи победа. Ова коло во дербито загуби од Шкендија со 2-1 на арената Филип Втори.  По преземањето на клубот од Сергеј Самсоненко беше најавено дека Вардар полека но сигурно ќе треба да гази по европските патеки. Со овој потег беа доведени бројни засиувања кои сега за сега не ја почиствувале победата.

Во последниот натпревар од 23. коло во дерби дуелот симпатизерите на Вардар освен индивидуални акции на избраниците на Сергеј Андреев не видоа тимска игра. Тоа го искористи Шкендија која очајно се бори за опстанок и со новите три бода е едно место од зоната на испаѓање.

Бугарскиот интернационалец во тимот од Тетово го отвори резултатот во 23 минута. И по примениот гол не се смени ништо во играта на Вардар. Тоа не го искристи Шкендија за да дојде до поубедливо водство. Во вториот дел црвено-црните заиграа по ангажирано и борбено на сите делови од теренот. Резултатот го израмни Филип Петров во 69 минута по нафрлената топка на Ѓорѓиев и обидот на Бујчевски. Радоста на трибините траеше кратко бидејќи во 73 минута бразилецот во редовите на Шкендија Жуниор постигна гол и и победа на својот тим.

Со овој пораз Вардар падна на четвртото место на табелата со 38 бода три помалку од Турново, Работнички и Пелистер кои имаат по 41 бода.

Резултати:  Хоризонт Турново – Еуромилк 2-0, Металург – Напредок 2-0, Ренова – Гостивар 0-1, Пелистер – Македонија ЃП 2-1, Вардар – Шкендија 1-2

Вчера: Работнички – Брегалница 4-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top