| четврток, 6 декември 2018 |

Дибиров: Добар сум, се враќам на терен за две недели

– Ви благодарам многу на сите. Јас сум добар. Се враќам на теренот за две недели – напиша ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, на својата фан страница на Фејсбук. По вчерашната повреда која ја заработи на осминафиналниот меч во ЛШ против Хамбург, се појавија информации дека Дибиров ќе биде опериран поради хематом на левото око. Потоа од Вардар соопштија дека ќе се прават дополнителни снимања, но дека најверојатно тој ќе го пропушти мечот против Хамбург, закажан за 30 март.

По огласувањето на Дибиров сосема е јасни дека најефикасниот ракометар во редовите на Вардар ќе го пропушти реваншот на 30 март во Хамбург.

ИнакуДибиров беше повреден откако гостинскиот ракометар Паскал Хенс го фаулираше  и при обидот да го пресече додавањето го закачи по окото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top