Нерешениот резултат со Хамбург е успех за Вардар, смета репрезентативецот на Македонија, Немања Прибак, кој денеска го даде еден од најатрактивните голови.
-На реваншот мора да играме 120 % без технички грешки, ја немавме предноста на домашниот терен, вели Прибак, кој сепак не ги обвинува судиите.
-Не е прв пат некој да одигра дома нерешено а потоа да победи на реваншот, не се предаваме и одиме на добар резултат, вели Прибак кој ги пофали и двата голмани и Ангелов но и на гостите од Хамбург.
-Хамбург има одлични играчи но не се плашиме од нив и ние можеме да одиграме подобро од денес, вели Прибак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.