За време на судирот со ветеранот Хенс, кој го спречи да заврши еден контранапад во вториот дел, рускиот интернационалец во редовите на Вардар за кратко загубил свест.
За среќа таа состојба траела кратко, по што тој се освестил, но се соочува и со сериозна повреда поради која едното око му е речиси целосно затворено. Неофицијално се работи за хематом на десното око поради што е можно да му биде извршена хируршка интервенција.
Лекарите на Вардар не можат со сигурност да кажат дали миленикот на навивачите ќе биде во тимот за реваншот во Хамбург.
Фото: Ѓ.Личовски и А. Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.