Еден од омилените играчи на навивачите на Вардар кој имаше неколку инциденти оваа сезона , во еден беше погоден од паричка наменета за противничките играчи, денеска против Хамбург имаше нов пех.
Во обид да постигне гол од контра Дибиров беше грубо фаулиран од еден од најискусните играчи на Хамбург Паскал Хенс кој потоа се извини и му помогна на Русинот да излезе од теренот.
Хенс за грубиот старт доби црвен картон а нема да игра ниту на реванш мечот идната недела.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.