Европскиот шампион Хамбург одигра одлично прво полувреме во Скопје против Вардар и има предност од два гола, 16-14, пред продолжението на првиот осминафинален дуел.
Хамбург имаше предност и од 5 гола разлика, но извонредната публика во салата „Борис Трајковски“ му даде крилја на Вардар да ја намали разликата на само два гола. Иако ги нема „Комитите“, останиот дел од публиката на импресивен начин го бодри својот миленик и тие се вистинскиот осми играч на „црвено-црните“.
Во вториот дел од првото полувреме се разбрани и Петар Ангелов, па Вардар полека, но сигурно ја топеше високата разлика. Дибиров со 4 гола е најефикасен кај Вардар по 30 минути игра, пред Карачиќ со 3 погодоци.
Кај извонредниот тим на Хамбург, страшна партија пружи германскиот репрезентативец Шредер со 7 гола. Нам добропознатиот Паскал Хенс даде 3 гола, а двајцата голмани Ангелов и Битер имаат по 6 одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.