| четврток, 6 декември 2018 |

Романтична фудбалска пролет, Работнички ја прегази Брегалница со 4-0

Работнички игра одлично во продолжението од домашниот шампионат, а со новата победа денеска против Брегалница се искачи на првото место на табелата со 41 бод од 22 натпревари.

По вторпат за кус период, роматничарите ја надиграа Брегалница, овојпат со двојно повисока разлика од триумфот во полуфиналето на националниот куп во средата кога славеа со 2-0.

Попладнево со двојна доза ги почестија гостите од Штип, кои го завршија мечот со играч помкалку по исклучувањето на Шишков.

Головите за Работнички ги постигнаа Трајчевски, Тодоровски, Маневски и Сулејманов. Утре се играат останатите натпревари од 22. коло, а дербито е во Скопје, каде Вардар и е домаќин на Шкендија.

Во останатите натпревари Турново го пречекува Еуромилк, Пелистер пак ќе ја нагости Македонија Ѓ.П., Металург е фаворит со Напредок, како и ренова со Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top