| четврток, 6 декември 2018 |

Како функционира ЖРК Вардар, сложно и на сите можни јазици

Женскиот ракометен клуб Вардар функционира одлично, што се потврди со пласманот на завршниот турнир во Будимпешта во Лигата на шампионите.

Како се согласуваат девојките во Вардар, тим соствен од ракометарки од неколку земји, најдобро објасни Русинката Татјана Хмирова.

– Ќе измешам англиски, македонски и српски, па ако не ме разберат тогаш мавтам со рацете. Индира ни се обраќа на македонски, но кога сака да каже нешто брзо користи и српски зборови, па се вмешуваат и други ракометарки да им преведат на тие што не разбрале. Тоа знае да изгледа многу смешно, викаме како да сме во полиција – шеговито коментира Хмирова.

Со неа рускиот дел од Вардар го пополнуваат и одличната голманка Ина Суслина и десното крило Екатерина Костјукова. Француската врска им припаѓа на Амандин Лејно, Алисон Пино и на Сираба Дембеле, а во тимот има ракометарки и од Македонија, Србија, Шпанија, Црна Гора, Хрватска и Таџикистан.

Вистински збир на екстра-квалитетни ракометарки од различни делови на планетата, што функционираат неверојатно добро во шампионскиот тим од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top