Импресивен јубилеј од илјада натпревари како менаџер на Арсенал денеска ќе прослави францускиот стратег Арсен Венгер. Дуелот против Челси од 31. коло во Премиер-лигата ќе биде свечен чин за Венгер, тренер кој ќе се приклучи на легендарната тројка Мет Беjзби, Дарио Грејди и Алекс Фергусон. Само тие четворица воделе ист клуб во Англија повеќе од илјада пати.
Венгер пристигна во Арсенал во 1996 година и оттогаш е незаменлив дел од машинеријата на „топчиите“. Под негова команда клубот освои 3 шампионати и 4 пати го крена пехарот од ФА купот, што го прави најуспешен мкенаџер во историјата на Арсенал.
Комплименти и честитики за пристигнувањето во престижниот клуб „1000“ стасаа од некогаш лутиот ривал на клупата на Манчестер јунајтед сер Алекс Фергусон.
„Уживав во мнопгубројните феноменални битки меѓу мојот Манчестер и Арсенал на Арсен. Му честитам за јубилејот и го почитувам што постојано се трудеше да се игра добар фудбал. Неговото дело во клубот е за огромен респект, а јас можам да кажам дека уживав во стилот на игра на Арсенал“, изјави сер Алекс Фергусон.
Нивното ривалство траеше цели 17 години исполнето со фантастични мечеви меѓу двата гиганти на англискиот и светскиот фудбал Манлестер јунајтед и Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


