| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски и Бесими на средба со Филе

poposki-file500

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојуваат во работна посета на европските институции во Брисел.

Како што соопшти МНР, за време на посетата Попоски и Бесими ќе имаат заедничка средба со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, на која ќе се разговара за исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН), како и за организирањето на следниот состанок на дијалогот, веднаш по изборите.

Според Секретаријатот за европски прашања, покрај приоритетите од  Пристапниот дијалог, акцентот во разговорите ќе биде ставен и на статусот на реализација и идните приоритети во делот на слободата  на изразување и владеење на правото, како и степенот на искористеност на ИПА 2007-2013година.

На состанокот, исто така, ќе се разгледаат перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година.

Предвидени се и други средби со високи претставници од европските инситуции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top