| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки лесно против Металург

vardarki-slavat-23

Вардарки лесно ги совладаа ракометарките на Металург на денешниот меч во салата „Автокоманда“ . Мечот заврши со резултат 25-31.

Домаќинките само во првите петнаесетина минути успеваа да му парираат на актуелниот првак, но откако со серијата од 0-4 „вардарки“ поведоа со 7-11, „црвено-црните“ потоа не дозволија победата да им биде доведена во прашање. Шампионките во еден момент водеа и со осум гола разлика, за Металург да успее барем малку да го ублажи поразот за конечни 25-31.

Кај Металург Мирјета Бајрамовска постигна осум постигнати погодоци, а кај Вардар Штериова шест погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top