| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственик на обложувалница ги враќа парите вложени на Манчестер јунајтед

Сопственикот на обложувалниците „Бетфред“, Фред Дан, објави дека ќе им ги врати сите пари на луѓето што типувале дека Манчестер јунајтед ќе биде шампион на ова издание на Премиер-лигата во Англија.

Дан е голем навивач на „црвените ѓаволи“, а станува збор за околу 200 илјади фунти, колку што се вложени на Јунајтед во „Бетфред“.

– Сите што се обложиле на Манчестер јунајтед ќе треба само да го донесат тикетот и да си ги добијат парите назад. И со тоа нема да им се врати ниту дел од нервозата што ја претрпеа сезонава бидејќи мојот омилен клуб игра очајно лошо. Навивачите немаа никаква шанса во ниту еден момент дури и да се надеваат на титулата – изјави Дан.

betfred

Со 29 одиграни натпревари од вкупно 38, колку што трае целото првенство во Англија, Манчестер јунајтед има 48 бода и е на седмата позиција на табелата. Лидер е Челси со меч повеќе, но и со огромни 18 бода предност во однос на „црвените ѓаволи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top