| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ: Македонската економија сé уште со ризици поврзани со ситуацијата на Украина

nbrm-500

Македонската економија сé уште се соочува со ризици поврзани со ситуацијата на Украина, оценува Народната банка на Република Македонија.

Во последното соопштение, централната банка заклучува дека овие состојби главно ќе се одразат на нестабилност на светските цени на енергентите и на житните производи, но може да имаат и влијание и врз очекуваното економско закрепнување.

„Во почетокот на март, геополитичките тензии во однос на состојбите во Украина создаваат неизвесност на финансиските пазари, што придонесува за пораст на цените на финансиските инструменти со висок степен на сигурност“, стои во соопштението од НБРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top