| четврток, 6 декември 2018 |

Храбро деветгодишно девојче го спасило својот татко

deteto500

Поради алергиски реакции, 35 годишниот Британец, Колин Мекарон доживеал анафилактичен шок, по што изгубил свест и неговото срце престанало да работи.

Додека неговата сопруга Деби ја барала итната помош, 9-годишната ќерка Изи сфатила дека мора да се обиде да го спаси животот на својот татко. Почнала да го масира со рацете, но откако увидела дека нејзините раце не се доволно големи и силни, продолжила со стапалата да го масира градниот кош на нејзиниот татко.

Ова храбро девојче благодарение на „ножната масажа“ успеала да го врати во живот нејзиниот татко, чие срце за момент престанало да чука.

-Многу се исплашив, лекарите потоа ми кажаа дека можам да бидам лекарка или медицинска сестра. Мојата мајка потоа ми кажа дека татко ми пристигнал во болницата со голем белег од моето стапало на неговите гради – изјавило храброто девојче, кое подоцна во нејзиниот училиште добило и награда за храброст.

Нејзината мајка Деби верува дека Изи навистина ја заслужила оваа награда.

-Таа е прехрабро девојче. Бев надвор од себе и незнаев што да правам, но Изи точно знаеше што треба да направи во тој момент. Неможам да поверувам што направи, сметам дека децата треба да учат прва помош во училиштата – изјавила гордата мајка.

Додека болничарите пристигнале, малата Изи веќе успеала да го натера срцето на нејзиниот татко повторно да бие, по што работата ја превзеле лекарите.

Од болницата потоа изјавиле дека доколку не било веднаш интервирано со масажа, анафилактичкиот шок на Колин, најверојатно ќе завршел фатално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top